Од 09-11.10. 2014 одржан состанок на ПРО КОЛЕКТ Групација во Сремски Карловци, Србија
Покрај прикажувањата на резултатите на групата за периодот Мај-Септември 2014 година беа донесени заклучоци во насока на подобрување на услугите за обезбедување кредитни извештаи со нов производ "кредитни извештаи по барање на клиентот."
На овој начин клиентите ќе можат да бараат свој изглед на кредитниот извештај кој ќе биде во зависност од потребите на нарачување преку онлајн апликација на ПРО КОЛЕКТ.
Г-дин.Леон Залар, генерален директор на Про Колект Групација не информираше за своето учество во средбата на FENCE кој беше одржан кон крајот на Септември во Дубровник, на кој присуствувале сите најважни компании за услуги на наплата на побарувања во Европа.
Про Колект е означен како главен играч на територијата на Балканот за обезбедување на услуги за наплата на долгови на своите клиенти.