НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

вистинскиот бизнис завршува со ПΛAЌAЊЕ
Недисциплината во плаќањата на обврските кон доверителите или пак само доцнењето на секој правен субјект му предизвикуваат проблеми кои понатаму се одразуваат на ликвидност а со тоа и до остварување на лоши финансиски резултати што понатаму се одразува како неможност да ги извршат своите обврски кон своите доверители. Спиралниот карактер на овие појави придонесува во вакви проблеми да бидат практично вовлечени скоро сите учесници во прометот и тие бескрајно да се репродуцираат и истите можат да причинат несогледиви последици по националните економии.

Затоа пак од друга страна во Европа повеќе од 80% од наплатите се вршат вонсудски, преку специјализирани агенции, фирми меѓу кои е и ПРО КОЛЕКТ. Нашата дејност се базира на проверка на финансиската состојба на должникот и неговите можности. На нашите клиенти можеме да им понудиме наплата на нивните побарувања низ целиот свет. До сега сме извршиле активна наплата на долгови во околу 70 држави, додека пак нашата поврзаност во рамките на истоветни агенции ни овозможува наплата во дури 120 држави во светот. Нашата мрежна покриеност постојано ја прошируваме во согласност со потребите на нашите нарачатели.

Нашите постапки при вонсудска наплата на долгови опфаќаат:

  • Проверка на должникот
  • Писмена опомена
  • Телефонски контакти со должниците
  • Лични посети

Врз основа на нашето огромно искуство, кое го стекнавме низ работата, констатиравме дека при наплатата на долгови важна улога игра правилото: Колку е долгот понов, толку е поголема веројатноста дека ќе биде успешно наплатен. Затоа многу е важно, со интензивната наплата на нашите побарувања да не чекаме година или две, туку процедурата да ја започнеме веднаш по појавата на доцнење во плаќањето на должникот.

about image

Станете наш партнер во подрачјето на наплата на долгови. Пополнете го прашалникот за потенцијален нарачател за наплата на долг, за да ги дознаеме Вашите потреби и желби, доколку сеуште не соработувате со нас, или нарачката за наплата на долг доколку сте веќе наш партнер.